10 добри кратки статуси на Драган Таневски



1. Си приметил ли брат, колку повисоко лета човек, толку помал е во очите на луѓето?


2. Во недостаток на добра реалност, време е на глас да викнеме: Визионери од целиот свет, разбудете се!

3. Колекционер сум. Ги собирам убавите моменти во животот. Иако ги има безброј… што, па и безброј е број.


4. – Леле каков си значи, сакаш да имаш сè

– Па да де. Тебе… сè


5. Од шминка, најдобро и стои – среќа…

6. Ги знаете оние емотивни лавини… обично почнуваат со поглед, мирис, звук. И после мора да градиш се одново. Дека тие до темел рушат.

7. Види брат, лимонот е многу интересен. Никој не зима така да го изеде како што се јаде портокал на пример. Никој нема да го стави лимонот на прво место на листата омилени овошја. Кога ќе го пробаат, луѓето одма ги гужваат фаците и се мрштат. smoke shop. Е, зезнат играч е лимонот, брат. Не дава он да го изедеш на два-три залака. Ама ако го конзумираш у капки, неверојатно го подобрува вкусот на јадењата. Замисли те тепа грип, а нема лимон да стаиш у чајче, зезнато е нели? Така и некои луѓе брат. Така и некои луѓе… Подзабораваме на нив во многу ситуации, ама штом не фати грип предизвикан од вируси и бактерии во вид на луѓе (шо, не те фатил тебе таков грип?), сите трчаме и во паника си ги бараме своите “лимончиња” Тогаш уопште не ни смета шо се малце киселкасти. Тогаш ги гледаме како дар од Бога бе брат.

8. Значи телефонот не е измислен за не-јавување, оЌеј?

9. Значи разберете… Писател не се прашува “како си” зашо ќе треба роман да ви напише.

10. Највише ми е жал за оние “а не викате, а?”