Ѕвездите на AVON во Скопје блеснаа во сјајот на холивудскиот гламур од 20-тите години на минатиот век



Минатиот викенд, во хотелот „Мериот“ се одржа 12. по ред Национална годишна конференција на AVON Македонија. Компанијата веќе со години практикува исклучително креативен и несекојдневен тематски пристап со кој секоја конференција дише со посебен шарм и енергија.


Годинава, организаторите одлучија присутните во салата да ги вратат отприлика 100 години наназад, во времето на гламурозните забави на големиот Гетсби и да предизвикаат општа воодушевеност кај публиката, почнувајќи од изгледот на салата, па сé да фантастичното сценарио и перформанс на бината.

Водители на овој незаборавен настан беа шармантната и талентирана актерка и танчерка, младата и прекрасна Нина Деан, додека нејзин целовечерен партнер беше харизматичниот и ултра популарен водител и шоумен Жарко Димитироски. Присутните ги забавуваше и пејачот Даниел Кајмакоски.


Во салата беа присутни најуспешните за 2017-та година, кои заслужено освоија прекрасни наградни патувања. Најдобрите 5 претставници годинава ќе уживаат во убавините на Лисабон, додека најдобрите 5 лидери ќе се сончаат на егзотичниот брег на Коста Дел Сол, Шпанија.
Наградата за најдобра зона во Македонија и оваа година отиде во рацете на Зона 6, која веќе трета година заслужено ја потврдува оваа титула.

Страни: 1 2