Зошто жените живеат подолго од мажите ?!



Научниците открија дека жените се генетски програмирани да живеат подолго од мажите и истиот тренд се забележува кај нашите предци – приматите, пишува во “Дејли мејл”.


Според истражувањето на проф. Сузан Албертс од универзитетот “Дјук” во краткиот животен пат на претставниците на посилниот пол има длабоки наследни корени. Нејзиниот тим утврдил дека луѓето ширум светот живеат подолго и поздраво, во споредба со минатото.

Овој напредок ги зголемува шансите за преживување на бебињата и го намалува ризикот од предвремена смртност.


Научниците анализирале мета податоци на над еден милион раѓања и смртни случаи од XIX век до денес. Во низата биле вклучени и статистики од пост-индустриските општества, како оние во Јапонија и Шведска, а исто така и од прединдустриските времиња.

Овие податоци биле споредени со должината на животот на неколку видови примати во последните 5 децении. Меѓу испитаните мајмуни биле лемури, капуцин, шимпанзата, павијаните и горилата.


И кај луѓето и кај приматите било констатирано генетска штета кај претставниците на машкиот пол во споредба со женскиот.