Зошто „Водолијата“ е погрешно разбраниот знак во хороскопот


Луѓето од хороскопскиот знак Водолија (родените во периодот 21 јануари – 19 февруари) се опишувани како слободољубиви сонувачи, кои се брутално искрени и малку чудни.

Тие се креативни умови со големи срца, но често остануваат неразбрани за околните, што е малку вознемирувачки и обесхрабрувачки за нив од емоционална гледна точка.

Еве 8 причини зошто Водолија е погрешно разбран знак во хороскопот:

1. Тој се држи на дистанца и изгледа лишен од емоции

Секој знае дека претставниците на Водолија се затворени емоционално. Тие ретко кажуваат што чувствуваат, и затоа се обидуваат секогаш да изгледаат силни и кул. За нив изразот на емоции е слабост на карактерот и тие не се подготвени да ги споделат најскриените чувства со другите.

2. Тој е на принципот или нешто или ништо

Кога една Водолија пушти некого во срцето, тој сака или се или ништо. Човекот Водолија верува во теоријата за сродните души и кога смета дека ја открил својата, тој сака да сподели апсолутно сè во животот со неа.

3. Тој сонува премногу

Нема ништо лошо во соништата, кога тие се релативно реални. Проблемот на луѓето од овој знак е дека тие често бленуват за невозможни нешта како да патуваат до Месечината, да го променат светот, да ја обноват вербата во човештвото. Така тие понекогаш изгледаат глупави, недозрели и екзалтирани во очите на околните, а не се такви.

4. Тој е многу подвижен

Страни: 1 2