Зошто кожата треба да ја негувате со домашни рецепти



Сите знаеме добро дека во продавниците може да се најде огромен избор на козметика за секаков тип на кожа. Но еве неколку причини зашто да пробате да користите и природна козметика, која ќе ја направите од производите што ги имате дома:


Заштедувате

Некои од рецептите чинат колку едно јајце или пак 1 лажичка мед. Во рецептите има плодови кои се користат секој ден. Таква маска или лосион во салон за убавина не можете да ја добиете по толку ниска цена.


Производите се достапни во секое време

Само ѕирнете во орманите во вашата кујна или во вашиот фрижидер. Сигурно можете да најдете јаболко, домат или пак млеко.


Знаете точно што користите

Кога ќе купите крема од некој голем бренд, дали навистина знаете од што е направен? Кога подготвувате домашни рецепти за нега, знаете кој резултат ќе го добиете.

Страни: 1 2