Зошто да ги оставите мажите да гледаат порно



Сексолозите од Калифорнија открија дека гледањето порно не ги прави мажите бесчувствителни кон сексот, а може и да ги подобри машките достигнувања во креветот, пишува “Дејли мејл”.


Истражувањето било спроведено од екипата на Никол Праузе од Универзитетот во Лос Анџелес и опфатило 280 волонтери од машки пол. Секој од учесниците пополнил прашалник, за тоа колку често гледа порно филмови, какво е неговото либидо и дали има еректилни дисфункции. На волонтерите им биле пуштени порно материјали и при лабораториски услови.

Истражувањето утврдило дека луѓето кои почесто гледале порно филмови дома, полесно се возбудуваат во лабораториски услови. Екипата не воспоставила врска помеѓу гледањето на порно и еректилната дисфункција.


Досега научниците сметаа дека порноиндустријата ги прави мажите помалку чувствителни и ја намалува нивната ексцитабилност. Од 280-те учесници, 127 имале постојани партнерки.