Жените кои раѓаат подоцна, живеат подолго



Истражување покажува дека жените кои го раѓаат последното дете по 33-годишна возраст, имаат два пати поголеми шанси да го прослават 95-тиот роденден во споредба со жените кои го раѓаат последното до 29-годишна возраст.


„Тоа не значи дека жените треба да го одложат раѓањето на деца, за да го продолжат својот живот. Возраста на последното раѓање може да биде показател за стареењето. Природната способност да имаш дете на постара возраст можеби покажува дека репродуктивниот систем на жените старее побавно, како и целиот нивен организам”, вели д-р Томас Перлс од медицинскиот центар при Бостонскиот универзитет во САД.

Научниците анализирале податоци од социјалните генетски истражувања Long Life Family Study меѓу 551 семејства. Голем дел од членовите на овие семејства се радуваат на екстремно долг живот.


Резултатите од истражувањето покажуваат дека најверојатно жените се виновни за еволуцијата на генетските варијанти кои го забавуваат стареењето.