Забава за сите сезони, со коктели за сите сезони



Дали ви се случува често да излегувате во клуб или бар и уште пред да влезете внатре, веќе знаете кој коктел ќе го нарачате? Тогаш, вие сте дел од оние типови на луѓе што точно знаат кои состојки го сочинуваат нивниот омилен коктел, но и секогаш се отворени за да експериментираат и со останатите вкусови, со желба дека на тој начин можби ќе го откриријат својот нов омилен коктел. Постојат голем број различни рецепти за коктели, што се обидуваат да ги задоволат и најспецифичните вкусови. Коктелите се всушност мешавина од пијалоци што содржат три или повеќе состојки, а создаваат експлозија на сетилата.


Добриот бармен знае како да направи добар коктел, користејќи различни намирници, согласно годишната сезона. Но, одличниот бармен, умее да смисли одличен коктел, чии состојки соодветствуваат на сите годишни времиња.

„Дали некогаш сте забележале Џемс Бонд да размислува пред да нарача пијалок. Не, тој секогаш пие Мартини. Ако агентот 007 пие Мартини, Кери Бредшоу не прави исклучок за Космополитен. Без разлика на настанот на кој што присуствуваат, сезоната, опкружувањето, па дури и расположението, нивните “all time favorite” коктели се токму тие. Сигурно се прашувате зошто се верни на својот избор. Состојките што ја создаваат и налеваат во чаша магијата наречена Мартини или Космополитан, се погодни за консумација во која било сезона од годината. Ваквото сознание и стремежот да бидам одличен бармен, ме инспирираше да создадам коктели, што гостите во Speakeasy со задоволство ќе ги порачуваат во текот на сите периоди од годината.  Како еден од најбараните се истакнува коктелот Cucumber Fizz, чија мешавина на состојки се состои од вотка, шеќерен сируп, сок од лимон, elderflower сируп, спрајт и на крај – декорација од краставица“ – вели барменот Филип Арнаудов.


Да се смисли коктел што одговара на вкусовите на уживателите во овие пијалаци е вистинска уметност, а самото негово создавање – ремек дело, или како што додава Филип Арнаудов „Миксањето пијалаци е лесна задача, но смислувањето и создавањето квалитетен пијалак и умешноста при неговото налевање во коктел чаша, како и раскажувањето на приказната што стои зад коктелот бара поголема посветеност.“

Во магијата на Филип Арнаудов при создавањето на неговите коктели, имаа можност да се уверат сите посетители во Neuland зоната на најдобрите забави ова лето. Кога нашиот најдобар бармен создава коктели, се отвора нова димензија, мајсторство на вкус и уметност на едно место и сите сме подготвени за непознатото и можност да го видиме звукот, да ја вкусиме бојата и да го слушнеме вкусот.