За потењето и миризбата



Ако причината за вашата непријатност се крие во мирисот на потта, треба веднаш да престанете да јадете некои видови храна. Зачинетата храна треба да биде ограничена, како и многу сол во храната. Неретка причина за мирисот може да биде и употребата на различни видови на лекови.


Хормоните исто така може да бидат до одреден степен причинители на силна миризба од потењето – особено во процесот на пубертетот, како и кај родилките.

Можете да си помогнете со добро познатите на пазарот дезодоранси. Она што треба да го земате во предвид кога се борите со мирисот на пазувите е :


– Секогаш нанесувајте го производот на чиста и сува кожа;

– По отстранувањето на влакната, не нанесувајте веднаш било каков козметички производ, за да не се добие воспаление.