Водата во Македонија која лечи многу болести: Овде најчесто доаѓаат луѓе кои имаат проблеми со стомачни заболувања, уринарниот тракт, но и бубрежни болести

Овде најчесто доаѓаат луѓе кои имаат проблеми со стомачни заболувања, уринарниот тракт но и бубрежни болести за да наточат од минералната вода. Водата навистина има остар мирис и специфичен вкус, но вреди да дојдете и да ја пробате.

Овде не доаѓаат само луѓе кои имаат мака, местото иако не е експонирано , го посетуваат голем број домашни и странски туристи.

Во овој живописен предел се наоѓа и познатата пекара каде се меси најприродниот леб и се пече во фурна на дрва. Тајната на овој на далеку прочуен леб ја открива Софче.

Вистинска ботаничка градина богата со зимзелени шуми, медитерански растенија, но и ендемичниот видов какво што е дрвото гол човек за кое предмалку зборуваше нашиот соговорник Леонид.

Страни: 1 2 3