Влакнестото лице не и се допаѓа на секоја девојка, но зошто брадестите мажи се повеќе од соодветни партнери?


“Јас имам брада и тоа ми се допаѓа!”

“Знам дека влакнестото лице не и се допаѓа на секоја дама. Некои мажи исто така, претпочитаат да не си пуштаат бради. Но, јас сум зависник!”

Тоа го сподели со емоции во сајтот IHeartIntelligence Американецот Џастин гами – еден од илјадниците мажи во светот, кои во последно време претпочитаат да живеат со бради и се чувствуваат многу подобро од тоа. Гами признава дека ја обожава брадата дотаму што многумина би го помислиле за нарцис. Тој ги поддржува сите лица од посилниот пол, кои носат брада, и наведува листа составена од него “со оправдани причини” поради кои за дамите е подобро да излегуваат со брадести господа.

Еве какви аргументи набројува:

1. Брадестите мажи се физички здрави.

Според студија на Универзитетот во Јужен Квинсленд, Австралија, брадестите мажи “блокираат 90-95% од ултравиолетовите зраци, го забавуваат процесот на стареење и штитат од рак на кожата”. Д-р Гил Харт од York Test наведува дека влакнестото лице ги совладува алергиите. “Се верува дека брадите можат да филтрираат прав и полен”, вели тој. “Присуството на мали количини полен и прашина меѓу влакненцата на брадата го засилува имунолошкиот систем. Со други зборови, телото ќе се навикне на присуството на овие честички и ќе престане да реагира на нив”, додава докторот.

Страни: 1 2