Ви се појави вакво грутче? Еве што треба да знаете за него


Безболните грутчиња зад увото се доста чести и најчесто се бенигни. Меѓутоа, некои од овие безболни грутчиња може да бидат индикатори за сериозни состојби.

Најдобро е да се провери на лекар, особено ако се зголемува. Доколку грутчето не исчезне до крајот на четвртата седмица, пациентот ќе мора да појде на лекарски преглед, советуваат од нмд.мк.

Лојна циста

Лојни цисти се создаваат поради блокирање или оштетување на лојните жлезди. Овие жлезди произведуваат лој, но понекогаш може да бидат блокирани од мртви клетки на кожата.

Малите лојни цисти генерално се безболни и безопасни. Ако дојде до инфекција на цистата, тогаш може да се појави и болка. Ако рапидно започне да расте цистата, тоа може да индицира канцер.

Лојните цисти обично сами исчезнуваат, освен ако не се инфицираат или на некој друг начин настанат проблеми.

Инфицираните цисти може да се третираат медикаментозно, најчесто со инјектирање. Лекарите исто така, може да ја исушат цистата или хируршки да ја отстранат. Некои од нив користат ласерско отстранување на цистите.

Страни: 1 2