И вашата врска има хороскопски знак



Според датумот на стартувањето на вашата врска, дознајте каква врска ве очекува…


Овен (21.03-19.04)

Оние кои врската ја започнале за време на владеењето на Овенот, никогаш нема да почуствуват здодевност. Секогаш помеѓу нив ќе постои искра, а решението на сите нивни караници лежи во спалната соба. Пред другите најверојатно оставаат впечаток како да се на работ на раскинување, но нивната врска е толку цврска и ќе ги преживее сите несогласувања и разлики. Помеѓу овие партнери нема лаги, токму искреноста е главниот темел на кој ја градат врската.


Бик (20.04-20.05)

Паровите кои го започнале својот однос за време “владеењето” на Бикот, имаат цврст и стабилен однос. Овие врски успешно одолеваат на сите проблеми, а партнерите еден во друг си пронаоѓаат потпора.


Никогаш нема да им недостига нежност и страст. Единствена опасност може да биде тоа што тие премногу се впуштаат во заедничкото уживање со што ги занемаруваат своите блиски луѓе.

Близнаци (21.05-20.06)

Овие партнери, пред се, се добри пријатели и одлични животни опатници. Расположени се за забава и излегување, имаат совршена меѓусебна комуникација, а отсуството на љубомора е уште една предност на оваа врска. Негативна страна е тоа што партнерите премногу навлегуваат во општествениот живот, па затоа постои голема веројатност во иднина да престанат да разменуваат нежности, а нивниот одност можно е да остане само пријателски.

Рак (21.06-22.07)

Оваа врска ќе биде исполнета со љубов и романтика, а партнерите не ќе можат долго да бидат раздвоени.

Нив никогаш нема да им недостига нежност и топлина, а и двајцата сакаат големо семејство со многу деца.  Лоша страна е преголемата меѓусебна посветеност, бидејќи партнерите не сакаат да одат нигде еден без друг.

Лав (23.07-22.08)

Оваа врска ќе биде полна со драма и страст. Партнерите во еден момент жестоко ќе се расправаат, а во наредниот момент ќе следи страствено помирување, во спалната соба. Романтични изливи на емоции

се вообичаена појава. Овие парови настојуваат пред другите да се покажат во најдобро светло, дури и ако дента се во караница.

Девица (23.08-22.09)

Оваа љубовна врска се карактеризира со долговечност и стабилност. Обостраната желба за стабилност партнерите цврсто ја држат заедно, а искрената и отворена комуникација, како и отсуството на жестоки

караници се само некои од предностите на оваа врска. Партнерите ќе уживаат во интелектуалните разговори и во гледање на филмови. Сепак, на оваа врска можеби ќе и недостасува страст, бидејќи партнерите не се склони кон искажување на чувствата.

Вага (23.09-22.10)

Во оваа врска се се врти околу љубовта, партнерите уживаат во разменување нежности, внимание и подароци, секогаш внимаваат на чувствата и желбите на другиот. Тие се вљубени, а романтичните вечери и излeгувањата доолнително им помаѓаат во одржувањето на страста. Овие луѓе нема лесно да се впуштат во караница, па единствен проблем би било недостаток на искреност и потиснување на чувства.

Шкорпија (23.10- 21-11)

Ова е страствена и возбудлива врска во која пукаат емоции. Од моментот кога се запознале, овие партнери чувсвуваат неверојатна сексуална привлечност, која ќе биде главен фактор за опстанок на оваа врска. Сепак, честите караници, љубоморните испади и посесивноста можат да доведат дури и до прекин на врската, доколку и двата партнери не покажат барем малку толеранција.

Стрелец (22.11- 21.12)

Ова врска се темели на взаемно почитување и разбирање. Партнерите не се оптереттуваат со сомнежи и љубомора, и не се еден од оние парови кои секаде одат заедно. Личната слобода и неависноста се една од битните фактори на оваа врска.

Јарец (22.12- 19.01)

Оваа врска можеби не е исполнета со нежности, топлина и романтични гестови, затоа е стабилна и на партнерите им нуди чувство на сигурност. Тие и двајцата премногу се почитуваат и тешко се впуштаат во караница, емоционални уцени и манипулации. Сите проблеми лесно и брзо ги решаваат. Ги почитуваат парите и сигурноста која тие им ја даваат. Сепак, би требало повеќе да се потрудат околу нежната страна на врската, за меѓусебната близина да не се изгуби.

Водолија (20.01-18.02)

Оваа врска најлесно би можело да се објасни како помалку необична и многу интересна. Можеби на прв поглед се работи за луѓе кои не си одговараат еден со друг, но се всушност совршен пар. Отсуството на љубомора е одлучен телмел за воспоставување на стабилен однос. Врската би можела долго да потрае, доколку партнерите не се гушат меѓусебно.

Риби (19.02-20.03)

Ако сте нежни, романтични и често барате љубовни искажувања, ова е идеална врска за вас. Голема љубов и посветеност, која партнерите ја чувствуваат еден према друг, се гаранција за успех. Оваа врска ќе биде исполнета со емоции, па и повремено со драма, но и двајцата партнери ќе внимаваат на саканата личност и нема да им биде тешко понекогаш да се жртвуваат за саканата личност.