Вака се подготвува здраво домашно кисело мелко (Видео)


Многу е здраво да пиете јогурт или да јадете таратор. Еве како се подготвува домашно кисело млеко.

Иако на пазарот и во продавниците нудат огромен спектар на производи и храна, нема ништо повкусно од домашно приготвените јадења.

Дури и никогаш порано да немате квасено млеко, после гледањето на видеото, самите ќе се справите одлично.

Потребни производи:

1. Домашно млеко

Не купувајте пастеризирано млеко од продавниците и синџирите, бидејќи нема да ви успее потквасувањето. Ако дома не одгледувате млечни животни, побарајте производител кој може да ве снабдува со убаво квалитетно густо домашно млеко.

2. Јогурт за закваска

Најдобро е да купувате готов јогурт 4%.

Можете да користите домашно кисело млеко, но не повеќе од 2 пати, бидејќи киселинските бактерии се губат.

Начин на приготвување:

1. Прецедете го домашното млеко и сипете го во лонец.

Ако вашиот сад не е керамички или со тефлон, млекото ќе се залепи, затоа истурете 1 или 2 прста ладна вода на дното пред да го налеете свежото млеко.

Ако користите густо домашно млеко, оваа вода нема фатално да го разреди.

2. Варете го млекото до зовривање.

Оставете го уште 5 минути на тивок оган по зовривањето.

3. Оставете го млекото да се излади.

Страни: 1 2 3