Увери ја дека не си кукавица брат …



ПУСТИНА


Те сака брат. Ама немој нон стоп да ја ставаш на испит. Немој да ја тестираш колку од твоите глупости може да издржи и прости. Задоволи се со тоа што е нежна со тебе иако цел свет е груб со неа. А ти си и причината за таа нежност. Замисли… за неа светот е пустина брат. Само во тебе гледа оаза на нежност, топлина и сигурност. Погледни ја кога ќе заспие до тебе. Знаеш ли дека само тука, во тоа гнезденце што си и го направил може така мирно да дише? Или кога ќе те погледне со тие очиштата… ко да бара и најмала трага на колебање во тебе. Увери ја дека не си кукавица брат. Дека нема да ја оставиш во пустињата на светот сама, жедна и изгладнета. Не дека нема да се снајде. Жилава сорта се они. Ама размисли брат. Тој што ги остава другите на милост и немилост на пустината, нели е и самиот – пустина?

Автор: Драган Таневски