Тажна приказна за жената која има само 29 години и дозна дека ќе умре на 1ви Ноември…



Прочитајте ја оваа тажна приказна за жената која се вика Британи, убавица која е полна со живот, но која сепак се нашла во една сосема безизлезна ситуација. Дознајте и како, таа заедно со своите најблиски, донела една навистина важна одлука.


Што може да направи една личност која се соочила со неизлечив вид на рак и која притоа е потполно свесна за фактот дека нејзиниот суден ден е се’ поблиску и дека притоа ќе почине во најлоши можни болки?

Уште од памтивек луѓето имале некое морбидно тежнеење за тоа некој видовит човек да им го предвиди точниот или судниот ден, па можеби и час, кога ќе настапи нивната смрт. Но, никој со сигурност не би посакал да му биде соопштено дека ќе умре во најголема агонија од тешка и неизлечива болест каква што е ракот на мозокот.


Кога таа дознала дека во нејзиниот мозок всушност се развил глиобластом, неоперабилен тумор во четврт стадиум и дека и преостануваат максимални шест месеци живот, Британи Мејнард одлучила да го сочува своето основно човечко достоинство.

Страни: 1 2 3