(Тажна приказна) Да дадеш се што имаш



Продавачот стоеше позади продавницата и ги набљудуваше минувачите. Едно девојче се приближи до дуќанчето и буквално се залепи за излогот. Кога виде тоа што и требаше, очите и заиграа.


Таа влезе и замоли да и го покажат тиркизниот гердан.

– Тоа е за сестра ми. Можете ли да го спакувате убаво? – праша девојчето.


Сопственикот со недоверба го погледна малото дете и праша:

– А колку пари имаш?


Девојчето од џебот на палтенцето извади марамче, го одврза и ги истури ситните пари пред касата. Со надеж во нејзиниот глас праша:

– Ќе стигнат ли? Сакам да и дадам подарок на мојата сестра. Откако почина мама, таа се грижи за нас, и за себе никогаш не наоѓа време. Денес е нејзиниот роденден и сигурна сум дека многу ќе се израдува ако го добие овој ѓердан. Продавачот го зеде герданот, отиде внатре во продавницата, донесе убава лименка, врза машничка и ја стави внатре огрлицата.

– Повели и носи го внимателно! – му рече на девојчето.

Детето се упати дома. Работниот ден беше при крај, кога во продавницата влезе една девојка. Таа на шанкот стави лименка и до неа стави амбалажна хартија.

– Тука ли е купен овој ѓердан? Колку чинеше?

– Ахх! – Се насмеа продавачот – цената на секој предмет во мојата продавница е доверлива и зависи од преговорите меѓу мене и клиентот.

Тогаш девојката рече:

– Но, сестра ми имаше само неколку ситни парички. А овој ѓердан е тиркизен, нели така? Најверојатно е прескап.

Мажот го спакува повторно герданот, врза машничка, и го даде пакетчето на девојката и и рече:

– Таа ја плати највисоката цена. Повеќе отколку што може да плати кој и да е постар – таа даде сè што имаше.

Тишината го исполни дуќанчето и две солзи се појавија на лицето на девојката …