Тајната на урдата, која не ја знаеш! Еве што се случува во телото, ако секој ден јадеш од неа | Lady

Тајната на урдата, која не ја знаеш! Еве што се случува во телото, ако секој ден јадеш од неа

urda

Урдата е еден од најстарите прехранбени производи, кој се консумира со огромна желба од луѓето.

Во урдата се содржи апсолутно се што е потребно за човечкото тело – аминокиселини, протеини, млечни масти и витамини.

Производот се апсорбира побрзо дури и од јогуртот и може да се јаде во секое време, без никакви ограничувања во количината.

Урдата се смета за одличен диетален производ кој е вреден за здравјето.

Таа е совршен извор на протеини и освен тоа не содржи речиси никакви масти, што е голем бонус за сите оние кои сакаат да јадат, но внимаваат со килограмите.

Диетата со урда покажува благотворно влијание кај хепатитис, зајакнување на организмот и помагање функциите на црниот дроб.

Холинот и метионинот во неа штитат од развој на атеросклероза. Минералите во составот земаат активно учество во формирањето на коските.