Стујардесата Цеце Стевковска од Скопје ја запозна Ријана



Цеце Стевковска од Скопје веќе подолго време работи како стујардеса за ВИП личности во компанијата Етихад ервејс во Аби Даби. Таа е задолжена за храната и удобноста на гостите, односно да се грижи само за нив додека трае летот.


– Едно утро ми јавија дека во летот Дубаи -Њујорк ќе имам вип личност и дека јас треба да бидам задолжена за неа. Кога се упатив во Вип делот ја препознав Ријана. Навистина бев возбудена. Таа патуваше со двајца телохранители и две шминкерки. Изгеледаше прекрасно, згодна, со убаво лице и да ви кажам искрено имаше преубав задник. Нашиот разговор течеше спонтано. Немаше некои посебни барања и не глумеше ѕвезда – раскажува Цеце.

Цеце вели дека Ријана е премногу убава и без грам шминка, дека има посебна енергија и дека додека траел летот таа и раскажувала за Македонија.


cece2

– Ме праша од каде сум, јас почнав да и кажувам за моето Скопје, за Македонија. Таа трпеливо ме слушаше. и веднаш на таблетот ја побара Македонија.За време на вечерата кога ја прашав што сака да јаде, Ријана ми рече-Одбери ми ти. Па таак ја нагостибв со кавијар, малку црно лебче и шампањ. Пред да слетаме во ЊуЈорк една од шминкерките ја нашминка и јас и дадаов комплимент дека е добро средена. Ми се насмевна и ми рече- Знам дека сакаш една фотка со мене, дојди да се сликаме.


Извор: Мкзабава