Што најмногу ги расипува забите
Општопознато е дека на забите штетно делуваат: виното, кафето, чајот, цигарите… Но, постојат некои навики за кои можеби и не сте свесни дека ви ги расипуваат забите.

Кршење мраз со заби
Да, не содржи шеќер, но мразот може да предизвика напукнување на забната глеѓ, да го иритира мекото ткиво во внатрешноста на забот и да предизвика бол. Запомнете го ова, следниот пат кога ќе ви донесат пијалак со коцки мраз.
Пирс на јазикот
Жал ни е, тинејџери, знаеме дека е тренд, но постои добра причина да не ставате пирс на јазик – ги оштетува забите. Долготрајното удирање на пирсот во забите ја ослабува нивната позиција, а може да предизвика и механичко оштетување. Освен тоа, тоа туѓо тело во усната шуплина, ја нарушува природната околина за развој на бактерии, а со тоа се зголемува ризикот од инфекции.
Гумени и други видови бонбони
Гумените бонбони и останатите слатки се полни со шеќер! Веднаш штом ги изедете, задолжително измијте ги забите. Останатиот шеќер врз забите подоцна ќе ја оштети забната глеѓ, а оттаму кариесот е скоро сигурно дека ќе се појави. Ако веќе не можете да им одолеете на слатките, јадете ги после обилен оброк, кога се лачи повеќе плунка.
Газирани и негазирани сокови
Да, сите сокови што се купуваат во продавница исто така изобилуваат со шеќер, а веќе знаете што значи тоа за вашите заби – оштетување на глеѓта. Диеталните верзии на овие пијалаци не содржат толку шеќер, но затоа заедно со вештачкиот засладувач користат повеќе киселини, што исто така не е добро за забите.
Чипс
Бактериите во устата го разградуваат скробот кој ќе се најде во неа, доколку јадете чипс. Освен тоа што содржи многу маснотии и е генерално нездрава храна, чипсот може да ви направи и проблеми со забите. Користете конец за заби за да ги отстраните останките или уште подобро измијте ги забите веднаш по јадењето.
Отворање со заби
Некои луѓе преферираат да кинат или отвораат амбалажи од различни производи со заби. Но, нема потреба да се силите – за забите нема таква замена, како што може да добиете со купување на ножици, нож, или отворач. Не правете непотребни ризици.
Гризење на пенкалата/моливите
Одвратна навика! Не само што ја зголемувате шансата да дојде до механичко оштетување на некој заб, туку им отворате врати на бактериите. Следниот пат кога ќе се забележите дека го правите ова, свесно престанете.




Коментари