Совет од доктори: Колку често треба да се капиме? | Lady

Совет од доктори: Колку често треба да се капиме?

kapenje

Честото туширање е штетно за човекот, предупредуваат дерматолозите од Њујорк. “Неумерениот туш” е културен феномен, под влијание во голема мера од рекламите за сапуни и гелови за туширање.

Тие сигурно ја зголемуваат хигиената на населението. Но, американските дерматолози предупредуваат дека прекумерното капење ја суши кожата, предизвикува иритации, ги уништува корисните бактерии и го зголемува ризикот од инфекции.

Друга лоша навика на луѓето е да се капат со многу топла вода. Експертите ги советуваат родителите да не ги капат децата секој ден, ако сакаат да ја направат нивната кожа помалку чувствителна на кожни заболувања, воспаленија, алергии и егземи.

Сепак во деновите кога не се туширате, можете само со мокра крпа да поминете низ телото. Колку често влегувате во бањата зависи од вашата активност, но и покрај тоа, научниците советуваат дека најдобро е да си земате туш на 2-3 дена.