Со овој трик никогаш нема повеќе да ве стегаат чевлите


Штотуку купивте одлични нови чевли, и веќе ви се тесни? Сигурно се прашувате како да ги проширите за да ви стане попријатно и да не ги повредите своите стапала?

Наполнете 1/3 од обемот на пластичната кеса со вода, по што внимателно ќе го ставите во чевелот, внимавајќи да не се прелее вода. Ако е потребно, дотурете уште количество вода, за да се пополни убаво внатрешниот дел и затворете го добро.

Направете го истото и со втората чевла. Ставете ги во замрзнувач и почекајте до следниот ден.

Водата ќе замрзне и ќе го прошири обемот и на тој начин ќе ги прошири и обувките кои ве стискаат.

stapalavoda1

Следниот ден извадете ги од замрзнувачот и почекајте најмалку 20 минути пред да се обидете да ги извадите замрзнатите кеси од чевлите, затоа што во спротивно може да ги оштетите.