Со оваа маска веднаш започнувате да подмладувате



Витаминот Ц долго време е познат по своите антиоксидантни својства со кои одлично се бори против стареењето.


Покрај тоа што треба секојдневно да се внесува преку исхраната, може да го искористите и во негата за лице.

Не пропуштајте уште денес да ја испробате оваа маска која ќе ви го освежи изгледот, ќе го поттикне производството на колаген и ќе ги забрза регенерирачките процеси на кожата.


Искористете ја веднаш штом ја направите, бидејќи витаминот Ц лесно оксидира.

1 лажичка витамин Ц во прав или здробете 2-3 таблети


Витамин Е (течен) од ампула неколку капки вода

Измешајте се` во еден стаклен сад, со дрвена лажичка и нанесете ја мешавината на исчистено лице.

Оставете ја да стои десетина минути, па исплакнете.

Ако најдете во ампули течен коензим Q-10, од време на време правете ја маската со него.

Маската ќе создаде сензација на благо пецкање на кожата. Ако имате осетлива кожа и чувството е неиздржливо и започне да гори, веднаш отстранете ја маската.