Следниве 7 работи ги правиме подобро од мажите


Жените поседуваат некои уникатни способности кои мажите ги немаат.

Еве во кои работи жените се подобри од мажите:

Подобри се во одржувањето на хигиената: Новото истражување покажа дека бироата и канцелариите на мажите се пo-несредени во споредба со оние на дамите. На работните места на мажите има меѓу 10 и 20 отсто повеќе бактерии.

Полесно се справуваат со стресот: Една неодамнешна студија покажа дека жените се справуваат подобро со стресот на работното место, при интервју за работа, и во приватноста. Истражувачите веруваат дека жените се подготуваат подобро за секое важно искушение и тоа им помага да ја надминат својата разочараност.

По успешно комуницираат со луѓето: Жените се подобри во комуникацијата, полесно создаваат пријателства. Една жена има поголеми шанси да најде заеднички јазик со непознати луѓе, отколку еден маж.

Жените учат подобро: Жените се одговорни, извршни и дисциплинирани. Тие имаат и повисок успех!

Жените се грижат повеќе за своето здравје: Дамите се заинтересирани повеќе од здравјето, храната и начинот на живот во споредба со мажите. Тие одат и почесто на превентивни прегледи, пијат редовно лекови исл.

Дамите се подобри претпоставени: Тие можат да ги натераат подредените да даваат се од себе, без да им дишат во врат цело време. Жените наоѓаат полесно индивидуален пристап кон секој еден од вработените и тоа им помага да ја завршат својата работа подобро.

Жените губат поретко работа: Статистиката покажува дека 80% од регистрираните во канцелариите за труд се мажи. Дамите се повеќе склони кон компромиси и поретко се конфронтираат со своите претпоставени. Во повеќето од случаите на дисциплинско разрешување станува збор за мажи.