Силвана Ивановска, порано згрижена во СОС Детско село: „Јас и моите тројца мускетари, мора(в)ме да успееме!“ | Lady

Силвана Ивановска, порано згрижена во СОС Детско село: „Јас и моите тројца мускетари, мора(в)ме да успееме!“

Уште од мала сум бунтовник, но не без причина. Веројатно долго време полицијата во Кратовско ќе памети едно мало девојче кое пријавуваше семејни немири. Мајка нѝ му побегнала на татко ми, очувот, кој ја однесе мајка ми во едно село со неколку куќи, не нѐ сакаше, а таа беше безгласна… Семејството не функционираше, по неколку пати бегање од дома се најдов во институциите кои се грижат за деца без родители, деца од дисфункционални семејства, деца со проблеми. Мојот проблем беше голем, но мојата мисла беше уште поголема – како да ги спасам и браќата. Животниот ветромет нѐ фрлаше во различни насоки. Понуди пропаст, деликвенција, но понуди и можност. Јас можностите ги зграпчив, ги држам цврсто и за моите браќа. Јас како најстара ќе ги туркам да успеат, дека тие се моите тројца мускетари.

silvana1

Страни: 1 2