Што вели хороскопот за бракот: Еве кој хороскопки знак ви треба, а од кој да бегате


Некој е повеќе посветен на кариерата, други пак на семејството, некои забораваат на нежност во бракот, а некои дејствуваат на страна. Дознајте каков е вашиот хороскопски знак во бракот и кој најмногу ќе ви одговара.

Овен

Машките овни се многу мажествени и лесно се одлучуваат за брак. Не бегаат од одговорност и сакаат да бидат доминантни. Покрај себе сакаат да имаат убава и паметна жена, која ќе им даде доволно слобода. Честопати се случува дополнително задоволство да бараат надвор од домот.

Женските овни секогаш ќе ги поддржуваат амбициите на партнерот, бидејќи покрај себе сакаат да имаат успешен маж. Тие ги исполнуваат сите свои брачни обврски, но не сакаат да се откажат и од сопствените интереси. Жената-овен е многу активна и секогаш е добро организирана. Склона е на љубоморни испади.

Бик

Машкиот бик е многу посветен на својата сопруга и на децата. Секогаш се труди да му обезбеди најдобри услови за живот на своето семејство. По природа е многу благ и добродушен. Тој е еден од најстрасните мажи. Доколку неговата жена не му пружи доволно физичко задоволство, може да биде склон на неверство.

Жената-бик е многу посветена на брачната заедница и е подготвена на жртва за да ја зачува хармонијата. Поддржувајќи ја тезата дека љубовта доаѓа преку стомакот, таа е одлична домаќинка. Многу е чувствителна и слаба е на деца. Од мажот очекува да биде успешен и да ѝ пружи материјална сигурност.

Близнаци

Мажот-близнак не е најидеален партнер за брак. Животот со него може да биде многу убав, интересен и опуштен, но само доколку покрај себе има сопруга која нема да го ограничува. Од друга страна, неговата жена, исто така, ќе има потполна слобода. Тој е многу шармантен и сака да флертува.

Жената-близнак е по природа малку палава, но во име на бракот е подготвена да се промени. Претставничките на овој знак се многу приврзани за својот сопруг и им одговараат мажи кои можат ментално и интелектуално да им парираат. Не е тип на жена која ќе запостави сè во име на фамилијата, бидејќи сака и да биде успешна во кариерата.

Страни: 1 2 3 4