Што ве очекува во октомври според хороскопот



Овен


Кариера и пари:

Марс, заедно со Јупитер и Уран, ќе формираат тројство во огнените знаци, а тоа ќе ви донесе енергија и ентузијазам за работа. Ќе имате големи планови, полни со оригиналност. Внимавајте на новите договори и соработки, бидејќи колку што можат да ви донесат заработка, толку можат да ви донесат и загуба.


Здравје:

Меркур, ќе влезе во вашата куќа на болести, што значи дека овој период треба да посветите големо внимание на вашето здравје. Ќе се соочите со голем стрес, а таквите ситуации можат да влијаат многу на вашето здравје.


Љубов:

До 23-ти октомвти, во вашата куќа на љубовта ќе престојува Сонцето, кое ќе ви донесе нова љубовна енергија, заедно со Венера. Под ова двојно влијание ќе ви се случуваат многу неочекувани среќни моменти во љубовта, а оние кои се долго во врска имаат можност и за брак. Бидете подготвени за нови предизвици, или за некои стари кои ќе се активираат повторно.

Совет: Обидете се да ги конторлирате вашите емоции.

Бик

Бик

Кариера и пари:

Овој месец ќе ви биде одбележан со повеќе необични настани. Најпрво, Сонцето ќе премине низ вашата куќа на кариера, потоа ретроградното движење на Меркур и затемнувањето на месечината. Сите овие настани наговестуваат на необичен развој на настаните. Октомври ќе ви биде активен месец на финансико ниво.

Здравје:

Оските на вашето здравје ќе бидат вознемирени од страна на две опозиции: Сонцето – Уран и Венера – Уран. А исто така, на 8-ми октомври, кога ќе биде затемнувањето на месечината, можно е да ви се случат некои компликации во врска со вашата здравствена состојба.

Љубов:

Не очекувајте дека октомври ќе биде месец во кој сѐ ќе оди според планот! Марс, водачот на вашата куќа на парови, има големи планови: може да донесе нешто ново во вашиот љубовен живот. Меркур ретроградно ќе се движи во вашата куќа на парови во вториот дел на октомври, затоа во тој период може да ви се врати некоја љубов од минатото. Доколку сте во врска, очекувајте специјални моменти со партнерот кон крајот на месецот.

Совет: Организирајте ја внимателно вашата работа и редовно извршувајте ги вашите обврски.

Близнаци

Кариера и пари:

Овој месец, професионалниот успех ќе биде стимулиран од партнерства и проекти, но ќе биде проследен со многу ривалства. Ќе имате многу идеи за интересни проекти, а ќе запознаете и нови луѓе. Меркур ретрограно ќе помине низ вашата куќа на равота, а тоа може да донесе мали недоразбирања во првата недела од октомври,

Здравје:

Меркур, вашиот водач, ретроградно че помине низ вашата куќа на болести, каде затемнувањето на Сонцето, на 23-ти октомви исто така има голема улога. Ќе треба да посветите многу внимание на вашето здравје, ако сакате здравствената состојба да ви биде како и минатиот месец.

Љубов:

Марс, планетата на енергијата и страста, ќе премине во вашата куќа на љубовта. Тоа ќе ве направи позадоволни од вашиот љубовен живот. Марс исто така ќе биде поддржана и од Венерта, Јупитер и Уран, што значи дека сето ова ќе ве направи попозитивни и посреќни. Очекувајте да ја запознаете вашата наредна голема љубов токму овој месец.

Совет: Не преоптеретувајте се со случки од минатото.

Страни: 1 2 3 4