Што ве очекува во ноември според хороскопот



Овен


Кариера и пари:

Ноември може да биде многу амбициозен месец, но, од друга страна, може да биде и напнат. Марс ќе биде во вашата куќа на кариерата, во позиција која поттикнува силна мотивација за понатамошен успех на професионален план. Доколку планиравте да инвестирате во нешто, ова е вистинскиот месец, бидејќи вашата финансиска состојба ќе биде подобра од кога било.


Здравје:

Ве очекуваат стресни периоди со многу грижи, песимизам и меланхолични моменти, затоа, бидете подготвени. Одете на рутински преглед кај лекар.


Љубов:

Ѕвездите се чини дека нема да ви бидат наклонети овој месец кога станува збор за љубовта. Можно е да се соочите со препреки, страв и фрустрации. Оние кои се во врска, нека внимаваат, партнерот може да биде неверен. Кон крајот на месецот, оние кои не се во врска ќе ги очекува нешто ново и интересено.

Совет: Не гледајте ограничено на работите.

Бик

Кариера и пари:

На почетокот на ноември ќе имате можности да соработувате со важни личности. Поминувањето на Венера, Сонцето и Меркур низ вашиот знак ќе ви донесат успех и финансиски прилив во втората недела од овој месец.

Здравје:

Доколку имавте проблеми со здравјето во последните неколку недели, овој месец можете да се опуштите малку, бидејќи ве очекува подобрување на вашата здравствена состојба. Релаксирајте се во домашна атмосфера со најблиските.

Љубов:

Ноември за вас ќе биде прилично емоционален месец, но и многу важен од љубовен аспект. Венера ќе биде во вашиот знак сѐ до 16ти ноември, а Сонцето до 23ти ноември, додека пак, Меркур ќе биде во вашиот знак последните две недели. Тоа значи дека љубовта ќе ја барате во сите ќошиња и ќе се посветите на саканата личност. Кон крајот на месецот ве очекуваат настани на кои ќе треба да донесете важни одлуки.

Страни: 1 2 3 4