Што се случува со жените при нередовен секс

Кога жената е постојано нервозна, на шега велиме дека има потреба од секс. Досега сигурно научивте многу предности од редовниот секс, а целата поента од овој интимен чин е задоволство. Токму затоа, лесно се забележува кога некој има потреба од секс во вашиот живот.

Многу знаци покажуваат дека жената има потреба од машки допир. Ако само малку го анализирате нејзиното однесување, многу лесно можете да го дознаете тоа. Во продолжение прочитајте кои се физичките знаци за таа апстиненција.

Поради недостаток на хормонот окситоцин, кој се лачи за време на оргазам, жената во текот на ноќта се врти во креветот, обидувајќи се да заспие.

Прогестеронот кој телото го произведува за време на сексот, ги отстранува акните од лицето.

Жените кои редовно имаат односи, немаат проблем со недостиг на окситоцин. За време на секс, овој хормон делува како морфиум, поради што ги ублажува болките и грчевите.

Интимните односи го зголемуваат количеството на антивирусни антитела до 30%. Оние кои немаат односи, обично боледуваат повеќе.

Сексот влијае врз подобрувањето на циркулацијата, а подобрата циркулација значи и подобро функционирање на мозокот, подобрување на меморијата. Жените кои немаат секс, многу често забораваат.