Што се случува со нас кога спиеме во ладна соба | Lady

Што се случува со нас кога спиеме во ладна соба

spienje2

Сите знаеме дека спиењето е особено важно за добро здравје. Но, една нова студија покажала дека спиењето во студена соба може значително го подобри квалитетот на вашиот сон. До неодамна научниците верувале дека возрасните немаат кафеави маснотии, но во текот на последните неколку години била пронајдена многу мала количина, во вратот и горниот дел на грбот кај многу возрасни. Ова е многу важно затоа што кафеавите маснотии, за разлика од познатите бели маснотии, се важни за активноста на метаболизмот. Експеримент со глувци покажал дека потребно е шеќерот да биде исфрлен од крвта, со цел да почнете да согорувате калории и да ја одржувате внатрешната температура на телото.

Сличен процес е и кај луѓето. Нова студија го истражувала влијанието на условите во собата за спиење каде што спиеле пет млади мажи, волонтери, во период од неколку месеци. Младите во текот на денот го живееле својот вообичаен живот, но навечер се враќале на спиење во институтот. Тие ги имале сите оброци, вклучувајќи го и ручекот, со цел да одржуваат соодветно внесување калории. Во текот на првиот месец, истражувачите одржувале температура од 24 степени, сметајќи дека неутралната температура нема да поттикне реакција на телото. Следниот месец, температурата во собата ја намалиле на 19 степени, за која истражувачите сметале дека во мали рамки ќе го стимулира кафеавото масно ткиво (но не и да предизвика тресење, што е стандардна реакција на пониски температури). Следниот месец, температурата во собата била повторно вратена на 24 степени, со цел да се укинат ефектите од ладната соба, а на крај последниот месец, температурата била зголемена на 27. Во текот на експериментот биле следени шеќерот во крвта, нивното на инсулин и внесувањето дневни калории, а исто така после секој месец била мерена количината на кафеави маснотии.

Како што покажало истражувањето, ладната температура значително го променила телото. Она што најмногу изненадило е тоа што по неколку недели спиење на температура од 19 степени, мажите речиси двојно го зголемиле нивото на нивните кафеави маснотии. Нивната осетливост на инсулин, која е под влијание на промената на шеќер во крвта, се подобрила. Промените биле малку, но тие се значајни, тврди еден од истражувачите и професор на Универзитетот Вирџинија Комонвелт.

„Сите испитаници се здрави млади мажи, но со самото тоа што спиеја во ладна соба, добија предност во однос на другите, што на крајот може да се намали ризикот за дијабетес и другите проблеми со метаболизмот. Исто така потрошиле и неколку калории во текот на спиењето во ладна соба (сепак не толку за тоа да резултира со губење килограми во текот на тие неколку месеци). Подобрувањата на метаболизмот биле поништени со неколку недели спиење на температура од 27 степени, па заклучокот е дека младите имале многу помалку отколку првото скенирање.“

Па, спиењето во ладна соба или туширањето со ладна вода создава постојано зголемување на внатрешната температура на телото, што доведува до зајакнување на имунолошкиот систем и забрзување на метаболизмот, особено во периодите за релаксирање.

ИЗВОР