Што сакаат мажите на 20, на 30 и на 40 годишна возраст | Lady

Што сакаат мажите на 20, на 30 и на 40 годишна возраст

maz3

Еве што мислат немажените мажи на прашањето ” Со што ве привлекуваат жените?”

20 годишните – секс и надворешност

Главното за мажите на 20 години е да започнат успешна кариера. Што се однесува до жените, тогаш колку повеќе тие се во „колекцијата “, толку подобро . И се разбира, тие треба да се убави, за да ги покажат на пријателите, односно да ја зголемат машката самодоверба.

Кога се запознаваат со жена, првата мисла на 20 – годишните е „сакам ли да имам секс со неа ?“. Од одговорот зависи и развојот на односите, но овие мажи по правило не се стремат кон долгите врски – тие сметаат дека им е рано да основаат семејство.

На 30-годишна возраст настапува промена, така што мажите почнуваат да разбираат дека надворешноста не е најважната работа за една врска. Сега тие се постабилни, размислуваат за семејство и ја сфаќаат потребата од дом, и знаат дека е време да се создаде и дете. Тие ги доживуваат жените веќе на друг начин. По периодот на сексуалните експерименти тие бараат жена, погодна за сопруга и мајка, велат од zdrave.

30 – годишните веќе знаат дека нема да го поминат целиот свој живот во креветот. Откако успешната кариера е присутна, тие почнуваат да размислуваат за продолжување на родот. Веќе доживуваат потреба од стабилност во односите .

40 годишните неженети се или премногу приврзани кон мајка им, или премногу време поминуваат на работното место. Во вториот случај обично постои добра кариера, но мажот се чувствува ужасно осамен, бидејќи нема со кого да го сподели својот успех. Мажите на 40 се поголеми материјалисти, отколку 30 – годишните .

На нив им треба жена која се грижи за нив и со која ќе се чувствуваат добро. Тие сакаат да се со жени кои се смеат на нивните шеги и ги делат нивните интереси. Веќе не станува збор да се најде само љубовница или сопруга, но и пријател.

На оваа возраст мажите се заинтересирани многу од ликот на жените. Интересни ли се тие? А добри ? Многу важен фактор е и вештината на жената да готви и да се справи со комуналните проблеми.