Што сака тој во креветот според годините?


Време на разумот – од 30 до 45 години

Сексот не е тема број еден, а во преден план се работите од животот. Сега е најважен интелектуалниот потенцијал на партнерот, а физичката активност, која несомнено е важна, не е единственото што ги занимава.

Како да постапувате: Не се обидувајте да го промените и да го превоспитате, туку разберете го и прифаќајте го таков каков што е. За сексот нема универзално средство што ќе гарантира успех. Зрелиот маж веќе има изградени афинитети, затоа трудете се да ги запознаете неговите потреби и чувства.

Иако ова е периодот на зрелоста, тој истовремено носи и големи проблеми во односите, па многу парови се во искушение да се разделат. Затоа никогаш не дозволувајте по свадбата или по бременоста да се игнорирате, или да ја изгубите страста.

Страни: 1 2 3