ШТО МУ РЕКОЛ БОГ НА СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК КОГА ГО СОЗДАВАЛ? | Lady

ШТО МУ РЕКОЛ БОГ НА СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК КОГА ГО СОЗДАВАЛ?

sram

Секој знак носи одредени квалитети кои може да ги искористи за да си помогне себеси и на другите околу него. Да речеме дека Господ ги создавал хороскопските знаци еден по еден со намера секој да биде различен и предодреден да исполни одредена цел на Земјата. Имајќи ги предвид карактеристиките на хороскопските знаци, Господ би им ги поделил следниве важни задачи.

Овен
Тебе прв ти го давам ова семе за да ја имаш честа да го посееш пред сите останати. За секое семе кое ќе го посееш, во твојата рака ќе се размножат милион нови. Но, нема да имаш време да гледаш како секое семе расте, бидејќи ќе пораснат повеќе растенија од она што си планирал. Ти ќе бидеш првиот кој со мојата идеја ќе допре до умот на луѓето. Твојата работа нема да биде да ја негуваш таа идеја ниту да ја преиспитуваш, туку да ги правиш луѓето свесни за моето постоење. Твојот живот ќе биде акција, акција и само акција. Заради твојата посветена работа, ти подарувамсамодоверба.

Бик
Ти подарувам моќ да создадеш семе од материјата. Ти доверувам голема работа која бара исклучителна трпеливост, бидејќи мораш да го довршиш она што си го започнал инаку семето ќе отиде во неповрат. Додека не ја довршиш својата задача немој да се преиспитуваш и да се потпираш на другите. Затоа ти подарувам сила, но мудро користи ја.

Близнаци
Тебе ти давам прашања без одговори за да ги споделиш со останатите со цел да го сфатат сѐ она што ги опкружува. Ти никогаш нема да знаеш што луѓето зборуваат или слушаат, но во нивната потрага по одговори ти ќе го најдеш мојот подарок –знаење.

Страни: 1 2 3 4