Што ќе ви се случи, ако престанете да јадете месо


Да не јадеш месо е избор кој има свои позитивни и негативни страни, жешки следбеници и жешки непријатели.

Нема да се обидуваме да ве убедуваме ниту во вегетаријанството, ниту кај месото. Но, еве што раскажува Џоан Салг Блејк, нутриционист од Бостонскиот универзитет за ефектот од прекинот на месото.

Ќе изгубите неколку килограми

Во првите месеци по прекинот на месото ќе ослабете со просек 3 килограми. Тоа е сосема природно, со оглед на многуте калории, кои се содржат во месните јадења. Се разбира, ако го замените месото со торта, не може да очекувате губење на тежината.

Ќе се чувствувате отечени

Во нашиот стомак има ензими кои ги разградуваат протеините и во месото, и во растителните извори на протеини.

Ова доведува до надуеност и гасови. Со времето вашето тело ќе се прилагоди кон новата храни и ќе се регулира.

Истражувачите сметаат дека земањето на повеќе овошје и зеленчук ќе ја зголеми содржината на корисни бактерии во организмот и така ќе го намалите ризикот од разни хронични болести.

Ќе се намали ризикот од срцев удар

Неколку големи истражувања на над 76 илјади мажи и жени покажуваат дека ризикот од коронарни срцеви болести кај вегетаријанците е за 24% помал од случаите кај “месојадите”. Растителната исхрана се докажала со годините и како намалувач на воспаленијата во телото.

Страни: 1 2