Што да земеме со себе за одмор?



Да се подготвите за патувањето така што чантите ќе ви бидат лесни и да бидете целосно уверена дека ништо не сте заборавиле, е вистинска уметност.


Како да си го соберете багажот, без да земете ништо излишно? Ви нудиме неколку корисни препораки на оваа тема.

1. Облеката.


Најдобро е да земете помалку облека. Колку и да ви се сака да ја спакувате целата гардероба, тоа не е можно, а не е и потребно. За време на одморот треба да носите она што ви е најзгодно.
Покрај тоа, можеби ќе посакате да си купите и нешто ново. Направете листа на потребната облека и додадете уште две парчиња – „за расположение”. Од изданието „тиа“ нудат опција за листа: костим за капење, влечки за плажа, фустан или сукња за плажа, лесни панталони, бела маичка и блага туника со долги ракави (за екскурзии), куса вечерен фустан, панталони и убава блуза (за вечер).

2. Лековите.


Тие се задолжителни! Особено ако патувате во странство. Во секоја земја има аптеки, но имињата на лековите не секогаш се совпаѓаат. Може да понесете чај против настинка, антиалергиски таблети, лекови за прочистување на желудникот и против растројство, средства против изгореници, антисептичен крем за зараснување на рани и гребнатинки, јод, витамини.

3. Козметика.

Тука не се ограничувајте! Вие треба да се чувствувате пријатно насекаде. Земете се што ви треба за да ја одржите својата убавина.

4. Документите.

Пасошот, билетите, осигурувањето, резервацијата за хотелот, телефоните и адресите на сите туристички компании треба да бидат внимателно проверени и прибрани на безбедно место.

5. Туристичкиот водич.

Тој не е задолжителен, но се препорачува. Секогаш е корисно да имате корисни информации како за мирниот одмор, така и за екстремните случаи.