Што да правите после секс? | Lady

Што да правите после секс?

sex2

За тоа што да се прави пред секс, има напишано илјадници книги. Но, што правите после секс? Едноставно досадно си лежите, додека заспивате? Ви нудиме нешто поинакво, освен што сте задремале.

Шепотење на зборови

По слабеењето на страста вие се наоѓате во една чудна интимна ситуација. Во овие моменти можете да си кажете нешта кои инаку не би ги кажале на никој друг. Овие моменти се исклучително сентиментални и лични – направете ги уште специјални, наместо да се свртите со грб еден кон друг и да заспиете.

Магијата на киното

Гледањето филм после секс може да биде многу добра идеја, особено ако е романтичен. Можете да си пуштите и фантастика или пак некој трилер, кој ќе ве натера да се гушнете уште посилно. Така киното ќе ве зближи уште повеќе.

Кажете си извици

По љубовната игра дозволете на телото да сe одмори и да се докаже. Наздравете со чаша шампањско или со омиленото вино! Здравицата ви гарантира добар сон во текот на ноќта.

Истуширајте се

Многу луѓе не се поддржувачи на туширањето после секс, но според лекарите тоа е најдобар начин да се заштитите од несакани инфекции, најчесто габични. Особено за жените не е добро да останува вагината премногу влажни.

Слатки соништа

Неверојатниот секс треба да доведе до мирен сон. Се разбира, не е задолжително да заспиете веднаш, ако не сакате. Можете да се занимавате со вашите омилени активности по секс. Добриот сон гарантира свежина во следниот ден, што пак е предуслов за нови љубовни игри.