Што да правите ако се вљубите во друг, додека сте во брак или во сериозна врска? | Lady

Што да правите ако се вљубите во друг, додека сте во брак или во сериозна врска?

preljuba

Сите знаеме дека е беспредметно да се бориме со чувствата. “Ова може да се случи на секој”, вели една анонимна “жртва” на стрелите на Купидон.

Веќе две недели ни се јавува речиси секој ден да раскаже за својата љубов кон својот нов колега. Разговорите се придружени од ненадејни скокови кон други теми, шепот и нагло прекинување на врската во духот на најдобрите шпионски традиции.

Бидејќи неочекувано потокот од емоции беснее на позадината на тивок и избалансиран семеен живот со 13-годишен стаж. Впрочем “новиот колега” исто така има импресивен декор за оваа романтична приказна – дом, жена, тешта и две деца. Што може да направи нашата хероина?

Како да се заштити од грешки? Дали да го уништи со лесна рака она што има, заради една фиаско страст? Или пак тоа е вистинска љубов?

Вашите размислувања можете да ни ги испратите на нашата фан страна!