Што да подарите на Хороскопскиот знак Лав?



За да биде неговата среќа целосна, Лавот треба да биде во центарот на вниманието, a подароците да се придружени со долг свечен говор и желби, голема и луксузна картица и се разбира – пакување во убава хартија.


Лавот ќе се израдува на секое уметничко дело, познавач на кое обично е тој. Лавицата никогаш нема да се насити на накит, но не некој обичен накит, туку авторски, што го исполнува Лавовскиот статус.

Неговиот стил е “а-ла-Луј XIV”. Осветленост, раскош, злато, или барем позлатен. Не заборавајте во аголот, но на видно место, да ги изгравирате неговите иницијали. Лавот е многу горд со своето име.


Еве и неколку конкретни идеи за тоа што да му подарите на Лавот, за да го изненадите:

• Луксузни додатоци
• Скап шампањ
• Слика
• Облека – висока мода
• Егзотична екскурзија
• Билет за опера / балет