Што да НЕ облекувате на интервју за работа



Дали ќе ја добиеш позицијата зависи најмногу од квалитетите и начинот на кој ќе се справиш на интервјуто. Но не заборавај дека облеката исто така игра важна улога.


Еве што во никој случај не треба да носиш:

Премногу разголена облека


Однесувајте се професионално и не се соблекувајте премногу. Нема побрз начин да создадеш лош впечаток на оној кој има моќ да те вработи, од тоа да му ја покажеш премногу твојата гола кожа. Изгледаш поевтино и како да не ти е гајле дали ќе те земе на работа или не.

Чевли на супер високи потпетици


Како разголувањето облека, така и ужасно високите потпетици создаваат впечаток дека никогаш не припаѓаш вои оние за во канцеларија и немаш идеја како да изгледаш професионално. И нека бидат затворени кај прстите.

Сè што е мини должина

Интервјуто за работа не е место за мини здолништа и фустани. Дури и ако носиш нешто прилично кратко  (не е сосема срамота, но со должина малку над коленото), може да си имаш проблеми.

Колку повеќе луѓето ќе обрнуваат внимание на облеката твоја, толку непрофесионално ќе изгледате.

Премногу накит

Додека носиш едно нешто што стои убаво и оригинално, тогаш нема проблеми – облеката ти изгледа совршена и стилски.

Внимавај сепак, да не претераш со накитот.

Премногу шминка

Претерувањето со шминката дава впечаток дека си претерала со подготовката и исто така изгледа непрофесионално.