Ширговска: Нас Македонците… Не имало .. И ќе не има



Нас..
Нас Македонците…
Не имало ..И ќе не има …
Се додека свети сонцето…
Се додека тече водата…
Се додека има ѕвезди во ноќта…
Ако !!…
Палете , ништете , запирајте , уништувајте…
Нашиот корен е пиреј ..
Засаден уште во Библија света…
Од под пепелта на јагленосаните ѕидини..
На рано христијанска црква …
Ќе изникне гороцвет и полско цвеќе…
На секое камче , ќе видиш лик на светец ..
И икона …Облеана од сончевина..
Ќе застанеш како омаен…
И ќе прашаш ?.. Што е ?


Тоа сме ние …
Тоа се нашите корени …
Таа е нашата крв македонска …
Од памти век врие во жилите..
И не се предава …
Многу битки , многу жарје и пепел на душа…
И пак ..Ќе осамне виделина ..
Оти…Храбрите чеда на Бога му се мили..
Тие …Што се искушеници …
Тие ..Што трпат страданија..
Тие ..Што знаат да простат…
Ете тие ..Што се богати на душа…
Љубовта ја носат како амалјија..
Ете таа љубов…Најголема..
Љубов за дедовината , за татковината..
За крвнината …Чиста од Бога создадена..
За Македонија…

Автор: Оливера Ширговска