СЕ ВИКАМ ЗЕХРА: Писмо од млада Албанка што секој во Македонија треба да го прочита



Се викам Зехра, ќерка на Ферид и Зелиха, албанка по националност,горда на моето потекло.


Јас сум од оние деца кои знаат што е соживот, така растев јас, моето детство да можам би го дала на секого да го искуси. Дедоми беше комунист, а нели мотото на комунизмот било братство единство, па и така ме научија а и така живеевме во моето соседство на улица Џон Кенеди.

Мајка моја најмила живеела во Маџер маало ( за тие што незнаат се наоѓа кај нова железничка), татко ми пак растел во Пајко маало ( сега таму е македонска опера и балет). Таткоми беше ракометар во времето на Југославија, се дружеше со срби, македонци, роми турци. Најдобрите другари му беа чичко Драган на кого му бил кум на свадба, чичко Марко и чичко Кики, а јас растев со нивните деца, батко Нино, Ѓоко, Филип, Ана, Маја и малиот брат нејзин , славевме родендени заедно, слави нивни , бајрами наши. Убаво ни беше. Кога почина татко ми, утрото сите негови другари ги видов со раскрварени очи, и ден денес знам дека плачат по него, на нив не им беше битно дали е албанец, битно им беше то изгубија другар, битно им беше што Зехра и Дритон останаа без татко.


Јас како што кажав живеев во Чаир , на улица Џон Кенеди. И ден денес ги памтам детските игри со моите другарки, и ден денес ги памтам летата пред зграда со сите комшии излезени надвор, оти дома ни беше топло па пред зграда имавме сенка. Зградата имаше три влеза, памтам сеуште кој каде живееше, албанци,македонци,срби, турци, црногорци,роми, сите се почитувавме,око вадевме еден за друг. Баба Љубица доаѓаше на турски чај заедно со Мибера, седеа со дедоми и бабами до ниедно време на муабет. Чичко Ќани беше бифш полицац па му се плашевме, седевме мирни. Чичко Драган беше многу висок и сите го сакавме. Дедо Апе имаше голубарник и обожававме да го гледаме додека ги ранеше, баба Цука си ја сакав како моја баба, внука и Ана ми беше најдобра другарка. Многу генерации во истата зграда , мојата беше чинам последна растена во мир и спокој. Мои другарки кој и ден денес ги сакам исто како тогаш беа Ана, Севим, Тамара, Ивана, Ајнур,Сања ,Бубе, боже беа тоа убави времиња. Ластик пред зграда, караници кој знае најдобро да игра, игравме џамија, народна итн. Пред ординацијата на тетка Зоре си ги кажувавме првите симпатии, муабети за дечковци, а и ги гледавме машките како играат кошарка. Знам дека моите другарки како и јас сеуште се исти, знам дека и тие сакаат соживот, знам дека си ги учат децата дека сите се исти.

Ова е моето детсво, имам многу за пишување, убави спомени, но драги мои, јас имав таква среќа и никогаш нема никој да ме натера да мразам, оти децата на Илина ми се најмили, оти Кате ми е драга, оти Александар и Николче ми се браќа, оти Севстија ја сакам. Оти јас немав суров живот, мене никој не ме викаше “шиптарко“, но јас познавам Македонци кои не виделе Албанци со очи во живо, Албанците ги виделе на вести, јас познавам Албанци намачени, омаложувани од Македонци кои така биле воспитани, да ги мрзат Албанците, да ги газат, и ден денес постојат такви и сведоци сме за тоа.


Дедо ми викаше во секое сончогледово цвеќе има расипан сончоглед но и добар, така е и со луѓето. Има добри Македонци, добри Албанци, а и лоши Македонци и лоши Албанци. Живееме во 21 век, сите сме исти, луѓе створени од Бога, време е да се соединиме и да покажеме дека можеме и умееме да створиме повторно единство.

Извор: среќа.мк