Се отвори новиот Рептил маркет во трговскиот центар во населба Лисиче



Рептил маркети е компанија со традиција од 21 година, компанија која е синоним за најдобра услуга во градот Скопје. Ланец на маркети познати по големиот и квалитетен асортиман по разумни цени, отвори нов маркет во трговскиот центар во населба Лисиче.


Граѓаните од населба Лисиче ќе уживаат во топла и искрена услуга, како и во дополнителните вредности за купувачите. Во маркетот од 410m2 во Лисиче, купувачите ќе можат да набавуваат секојдневно свежо овошје и зеленчук, свежо месо со гарантирано македонско потекло одгледано по највисоки стандарди.

Во фурната секојден се печат свежи кифли, лиснати теста, переци… како и различни видови на леб од кои најпознат е Рептил багет лебот.


Рептил е познат и по огромниот избор на домашно зготвени јадења со супер коректни цени, изборот толку е голем што слободно може да парира и на најбогатите менија на најдобрите ресторани. Купувачите може да набават и свежа морска и слатководна риба, а готвачките се тука да им ја припремат рибата или месото доколку кај купувачот постои и таква потреба. Разумните цени се уште една одлика што се реализира преку бројните неделни акции, намаленија и  клуб на попусти – Клуб Рептил.

Клуб картичката купувачите може да ја користат без услови како собирање поени, тие заштедата веднаш ја добиваат на каса. Рептил истовремено врши и дистрибуција на производи на големо за потребите на јавни и приватни компании.


Р14- фото 2

Новитет е он-лајн продавницата www.reptilmarketi.mk, преку која купувачите заштедуваат време купувајки производи по цени од полица.

Он-лајн купувањето на reptilmarketi.mk е прекрасна можност за сите кои сакаат повеќе време да поминат со семејството, пријателите. Овој тип на услуга е наменет и за постарите лица на кој излегувањето од  домот им е се потешко. Едноставно додека  купувачот е на неговото работно место или во домот може да ги нарача сите потребни производи кој ќе му бидат доставени  на адреса и тоа време кое тој ќе го одбере.