Се одржа 3-та Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром



Стотина насмевки го исполнија Градски парк во Скопје за време на Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром. Мечувалечки клуб Ескрим ја организира оваа трка веќе 3 години со желба дека од година во година поддршката се повеќе да се зголемува.


Децата трчаа со сите и баш како што порача организаторот на трката, Билјана Кузмановска, „Ова се нашите витези, ова се нашите шампиони!“. Децата порачаа дека поддршката која ја добија денес е незаборавна и дека очекуваат следната година трката уште да порасне затоа што настаните од ваков карактер им се многу значајни за тоа како се чувствуваат и како со самодоверба ќе се водат во иднина.

Благодарение на поддршката од лицата и компаниите кои се вклучија во трката беа собрани доволно средства за аудио опрема за првиот дневен центар за лица со Даунов синдром.


Целта на оваа трка беше да им се даде поддршка на децата со Даунов синдром и да се поттикнат спортските клубови и центри да ги вклучат во своите активности затоа што им дозволуваат физички и општествен напредок.