Сара Фешн со спектакуларно модно шоу My sweet 18 (Фото)



Со модно шоу за сите свои соработници и потрошувачи, презентирајќи ја својата последна колекција, Сара Фешн го одбележа својот јубилеј, 18 години успешна македонска приказна.


„Кога пред 18 години ја основавме компанијата, си поставивме јасни цели и визија која сеуште ја следиме. Со континуирано учење и вложување, денес можеме слободно да кажеме дека сме се развила и сме токму онаму каде што планиравме, но не престануваме тука, имаме уште многу планови и задачи кои треба да ги реализираме. Покрај домашниот пазар каде што имаме 60 продавници, присутни сме и во Србија, а според нашиот бизнис план планираме проширување и на други пазари во Европа“, изјави Дејан Спасовски, сопственик и генерален менаџер на Сара Фешн.

На ревијата присуствуваа познати еминентни личности од естрадата и од бизнис секторот. Новата колекција на пижами, хулахопки и долна облека на брендовите Penti и NBB, предводени од модниот дизајнер Ивана Кнез ги презентираа манекенки од Србија. Публиката имаше можност да ужива во настапите на Викторија Лоба која е заштитно лице на брендот за 2017 година, Симона Попоски и Диџеј Ерик Фокс, Наталија Славева, како и диџеј Бороу и специјалниот гостин за афтер забавата Димитрис Пацис.


„Навистина сум среќна што имам можност веќе една година да работам со Сара Фешн, имав можност да внесам свежина, софистицираност и уникатност во сите наши производи, со идеи кои постојано се развиваат со целиот тим. Верувам дека публиката уживаше во новата колекција и тоа ќе е поттик за следните наши предизвици. Сара Фешн не следи трендови, туку ги поставува“ вели Ивана Кнез, моден дизајнер.

Поддржувачи на целиот настан беа винарија Стоби, Горска, Jack Daniels, енергетски пијалак XL, Fantinel Prosecco, Jegermaister, Центар за креативни курсеви Кариера Плус, ресторан Парк Restaurant Park и Дина Моделс.


Сара Фешн е семејна компанија за дистрибуција на чорапи, долна облека, пижами, костими за капење, модни додатоци, која од своето основање во 1999 година, до денес работи со истиот ентузијазам и љубов, вложување и едукација во своите кадри и постојано проширување на своето производствено портфолио.

Компанијата особено внимание посветува на квалитетот на своите производи, сето тоа постигнувајќи го со контрола и имплементирани стандарди во работењето, а резултатот е бренд кој е препознатлив и прифатлив за сите. Покрај сопствен бренд, Сара Фешн се ексклузивни застапници на повеќе светски признат брендови и тоа: Penti, Nbb, Pompea, Donella, Apple, Milano.