Сакате да бидете со Девица? Ова се нивните 10 најголеми тајни | Lady

Сакате да бидете со Девица? Ова се нивните 10 најголеми тајни

Девиците ги бие глас како најуредни и најпедантни во Зодијакот, но она што сигурно не го знаете е дека не постои знак кој толку многу се разликува од надворешноста до внатрешноста.

Никој не е како овој критичен, организиран перфекционист. Затоа, без оглед дали имате пријатели или љубовници во знакот на Девица, добро е да ги знаете овие 10 работи, велат од crnobelo.com:

1. Девиците се чувствителни, имајте обѕир

Емотивни се, само даваат се од себе за да ги контролираат емоциите. Толку ги потискаат што често ќе дознаете за нив дури откако ќе „пукнат.“ На Девиците важно им е да им пружите чувство на сигурност за да може да ви ја отворат душата. Нив важно им е некој да ги сослуша.

2. Кажи што мислиш, мисли што кажуваш

Девиците не поднесуваат ментални игри и претпоставки. Ако мора да се борат за да дознаат што некој мисли или чувствува, автоматски не си го губи времето затоа што тоа е незрело. Затоа со Девиците искреноста е секогаш добар избор.

3. Сакаат работа и ред

Креативниот неред за Девиците е нежно мачење. Не мора да пробувате да живеете по нивните стандарди за чистота и организираност, но барем помрднете се и доведете ги основните работи во ред ако сакате да останете во добри односи.

4. Сакаат размазување

Ретко кој знак толку се вложува за другите, а толку малку за себе. Затоа ако сте блиски со некоја Девица важно е да ја размазите и да бидете добри со неа. Девицата тоа никогаш нема да го злоупотреби.

5. Не трпат потценување на интуицијата

И затоа секогаш треба да бидете искрени. Не само што ги мирисаат лажговците на километри, туку и искреноста ја ценат многу повеќе од организираноста. Ништо не можете да сокриете од интуитивните Девици, дури и ако криете нешто за да ги заштитите.

Страни: 1 2