Ричард Клајдерман Ве кани на концерт



Светски познатиот пијанист Ричард Клајдерман испрати покана до сите негови фанови за концертите кои ќе ги одржи во Скопје на 1 и 2 Април 2017 во Македонска Опера и Балет.


“Сите оние што сакаат да присуствуваат на концертот на најпознатиот виртуоз, а сеуште немаат билет нека побрзаат. Многу е веројатно дека целиот преостанат капацитет ќе биде распродаден за неколку денови”, се вели во соопштението на Прагма Продукција, организаторите на концертот.


Концертот на овој светски пијанист е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Билетите за концертот, кои се во ограничен број, може да се набават на сите продажни места на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Пола Југотон и билетарата на Македонска Опера и Балет.