Работите за кои не ги послушавме нашите мајки | Lady

Работите за кои не ги послушавме нашите мајки

majkaikerka

Мнозинството од луѓе должат многу на своите мајки, но факт е дека многу од нас ги запоставиле нивните совети, кога биле помали.

Младите луѓе имаат тенденција да се потсмеваат на мудроста на постарите и најчесто учат од грешките. Ако адолесцентите ги слушаа лекциите за живот на своите родители, тие немаше да влегуваат во светот на возрасните на потешкиот начин, кога се соочуваат со суровата реалност.

Еве и кои се работите за кои повеќето од нас не ги послушале предупредувањата на своите мајки, велат од tialoto:

- Нема такво нешто како бесплатен ручек

Иако мајчиниот совет звучи малку цинично, факт е дека измамата е насекаде околу нас и кога нешто изгледа премногу добро за да биде убаво, ние треба да бидеме на штрек. Кога некој ви дава некои убави можност, замислете се што ќе ве чини тоа

- Ништо убаво не се случува во два часот во текот на ноќта

Мајките неслучајно наметнуваат полициски час на децата, а тие од своја страна бунтуваат. Но, факт е дека мајките не се невротични, а навистина многу проблеми се случуваат токму во доцните часови во ноќта.

 

- Вреди да се ​​биде добар човек 

Придржувајте се до моралот, на кој ве воспитуваат вашите родители. Тој ќе ве однесе таму каде што сакате да бидете , дури тоа да потрае повеќе време. Не се потопувајте во светот на лагите и интригите.

- Вистината секогаш излегува на виделина

На човек му одземаат доста време додека разбере дека во изреката ” на лагата нозете се кратки ” има многу вистина. Безброј пати нашите лаги имале спротивен ефект врз нашите животи и на крајот работите стануваат уште полоши отколку ако едноставно сме ја кажале вистината. Ова е еден туториал кој секоја мајка го дава на детето, но понекогаш луѓето го совладуваат дури во зрелоста.

- Здравјето е најважно

За помладата популација животот допрва доаѓа и тие не мислат за своето здравје, а го земаат здраво за готово. Колку побрзо човек поверува на мајка си дека треба да се грижи за своето здравје, толку подобро за него.

- Трпението е доблест

Малите деца и тинејџерите не умеат да чекаат, а сакаат сè да им се случува во секундата.

- Добрите манири се од значење

Мајките ги учат децата на добри манири, но во пубертетот тие не се многу наклонети да ги впиваат овие совети.

- Парите не можат да ни купат среќа

Само затоа што некои луѓе имаат повеќе пари од нас, тоа не значи дека тие се посреќни. Многу поверојатно е нивниот живот да е полн со повеќе завист, интриги, осаменост и лажни односи отколку нашиот, иако скромен живот.

- Човек треба да биде верен на себе

Кога нашите мајки сакаат од нас да се однесуваме природно и да се облекуваме така, како што ни се допаѓа, ние не сме подготвени да ги слушаме. Години подоцна , сфаќаме дека единственоста е почитувана во овој свет, во споредба со имитацијата.