Прстите ќе ги излижете: Еве како да направите француски палачинки



Новото видео на Dave претставува докажан рецепт за вкусните Француски палачинки.
Уживајте и направете ги за вечерно мезе со пријателите или семејството!


Еве што ви е потребно:

250 гр. кисела вода
250 гр. млеко
250 гр. брашно
3 јајца
2 лажици шеќер
1/2 лажица сол
5 лажици растопен путер


Во длабок сад ставете ги сувите состојки: брашното, шеќерот и солта. Добро промешајте ги со жица за матење и оставете ги на страна.

Во друг длабок сад ставете ги влажните состојки: киселата вода, млекото, јајцата и промешајте ги со жица за матење.
Споите ги двете смеси заедно во садот со сувите состојки додадете ги влажните состојки и промешајте со жица за матење.


Додадете ги 5те лажици растопен путер и повторно промешајте.

Пржете ги палачинките на загреана и подмачкана тава по 2-3 минути од двете страни. Премачкајте ги со мед и лешници, крем и лешници или пак вашиот омилен домашно подготвен џем.

Добар апетит!