Принцезата Шарлот го украде вниманието на гостите на свадбата на Пипа



Иако свршеницата на принцот Хари Меган Маркел не присуствуваше на венчавката, сепак се најде некој кој донекаде успеа да го украде шоуто на невестата Пипа.


Малите внуци на Пипа Мидлтон, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, изгледаа фасцинантно на свадбата со Џејмс Метјуз.

Во тон со мајка си, Шарлот носеше розова панделка околу половината и чевли во иста боја. Принцезата облече бело фустанче и држеше мала кошница со цветови. 


Списание Vogue ја утврди фризурата на Шарлот како најдобра на целата свадба.