Приказна за новогодишната елка од која ќе ви протечат солзи



Во светата ноќ, кога во Витлеем се родил Христос, не биле само луѓето кои се радувале на овој настан. И целата природа сакала што поскоро да го поздрави.


Најдобро успеале да го видат три дрвја кои растеле во близина: величествената палма, високото разгранетото маслиново дрво и зелената елка. Тие радосно шумеле со лисјата и нетрпеливо разговарале меѓу себе:

– Да одиме да се поклониме на Спасителот и да му ги дадеме нашите дарови – рекла палмата на маслинката !


– Земете ме и мене со вас! – замолила елката.

Палмата и маслинката ја погледнале надмено, се потсмевнале и одговориле.


– Погледни се на што личиш. Листовите ти се остри како игли, а и смолата лошо ти мириса.

Елката прво замолкнала и погледнала уште еднаш во јаслите каде лежел малиот Исус.

Но, еден ангел, ги чул зборови на палмата и маслинката.

Тогаш ангелот и рекол:

– Жал ми е за тебе. Дојди поблиску, елкичке! Јас ќе те возвишам и декорирам поубаво од останатите дрвја!

Во тоа време Спасителот ги отворил очите. Ниту најубавите палмини листови, ниту маслиновото масло успеале да го привлечат неговото внимание. Само елката во тие моменти го израдувале него, а палмата и маслинката засрамено молчеле во темнината.

Ангелот потоа рекол:

– Тоа ти е наградата за скромноста, елкичке! Од денес натаму ќе го красиш празникот Рождество Христово со вечно зелената облека и со гламурознте, ѕвездени украси кои луѓето ќе ги ставаат по тебе во оваа света ноќ. Ти ќе ги радуваш децата, а возрасните ќе ги потсетуваш за златните денови на нивното детство. Тоа ти е наградата, скапа елкичке.